Во 4. коло од Лигата на шампионите, фудбалерите на Јувентус го пречекуваат Спортинг Лисабон на својот стадион во меч кој ќе се игра вечерва со почеток од 21 часот.
Пред натпреварот, главниот тренер на „Старата дама“ Лучиано Спалети зборуваше за подготовките на тимот, статусот на индивидуалните играчи и амбициите на клубот за сезоната.
Спалети истакна дека напаѓачот Душан Влаховиќ и дефанзивецот Андреа Камбијасо се фундаментални за тимот.
„Андреа е силен и модерен играч кој може да се снајде на неколку позиции, но мора да се подобри во играта со глава. Душан има мала предност бидејќи знае што е Јувентус и го знае притисокот што владее во клубот. Разговарав со него и тој би бил повеќе од среќен да остане тука, тој мисли само на фудбал“, рече Спалети.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

