Елмас се жали на повреда на тетивата

Елиф Елмас утрово не го издржа тренингот на Наполи, поради болки во тетивата на левата нога, па така можно е да го пропушти мечот со Емполи во недела во 15 часот. Засега информациите се дека Елмас ќе мора да го прескокне тој натпревар, а тоа му создава дополнителни главоболки на тренерот Лучијано Спалети.

Минатиот меч со Рома, Елмас влезе во 68. минута пред четири дена. Потоа се беше добро, меѓутоа сега Елмас можеби ќе треба да паузира. Исто така Спалети остана без услугите на првиот голман Оспина и Ди Лоренцо.

Наполи во моментов е на третото место на табелата со четири бода помалку од првопласираниот Милан, и два бода зад Интер, но со натпревар повеќе.

Се вчитува...