Арис од Солун би можел да биде следниот клуб на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ. Според грчките медиуми, главниот плејмејкер на Баерн Минхен е во напредни преговори со овој тим, и прв избор на Василис Спанулис како засилување за оваа екипа.
Минатата сезона Димитријевиќ во Евролигата имаше просек од 11 поени и 4,1 асистенции, со процент на реализација од 44% од линијата за три поени.
Димитријевиќ има огромно искуство со играње во Европа, но и во Премиерлигата. Претходно беше дел од Армани Милано, Уникс Казан, Валенсија, Хувентуд. Во 2025 година се врати во Русија и потпиша за Зенит, а потоа на почетокот на оваа година замина како позајмен во Баерн Минхен до крајот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
