Покрај завршницата на Евролигата Белград овие денови е домаќин и на Некст Ген турнирот на европската кошарка каде најголемите бисери си ги одмеруваат силите на исто место. Меѓу нив е и доскорешниот кошаркар на МЗТ Скопје 2, Самет Јигитоглу кој доби лекција од легендарниот Василис Спанулис.
Доскорешниот капитен на Олимпијакос по крајот на играчката кариера „преплива“ во тренерските води, а во главниот град на Србија го води комбинираниот тим кој претрпе пораз од Асвел. Гркот на беше задоволен од играта на својот тим па на тајм-аут на младите кошаркари им одржа лекција за одбрана која треба да ја запоменат доколку сакаат успешна кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА