Спартак Москва и Динамо Москва во “трка“ за Стефан Ристовски

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски е пред можно продолжување на кариерата во Русија, пренесува португалската „А-бола“.

Според највлијателниот португалски спортски медиум, Ристовски има понуди од руските суперлигаши Спартак Москва и Динамо Москва.

Договорот на македонскиот фудбалер со Спортинг Лисабон е до јуни 2022 година, но Ристовски не е во плановите на новиот тренер на португалскиот тим поради што од клубот има дозвола за заминување. Претходно Португалците пишуваа дека Ристовски има понуди и за враќање во италијанскиот фудбал.

Се вчитува...