Спартак Москва ќе купува „тандем“ од Борусија Дортмунд

Спартак Москва се подготвува за две големи засилувања од таборот на Борусија Дортмунд, финиширајќи ги преговорите за ангажман на Андре Шурле и за Масимилијан Филип.

Шурле не е дел од плановите на тренерот Петер Бош, ланската сезона ја мина на позајмица во Фулам, но се врати назад во Дортмунд откако лондонскиот клуб испадна од Премиер-лигата. Челниците на Спартак се сериозно загреани за него, нудејќи позајмица за сума од два милиони евра, со можност летото 2020 година да го откупат неговиот договор за дополнителни осум милиони евра.

Спартак покажува сериозен интерес и за Филип, кој ланската сезона падна во сенка на Пако Алкасер. Филип е достапен за трансфер за сума од 12 милиони евра, но Спартак има сериозна конкуренција во градскиот ривал Динамо Москва, кој исто така е загреан за 25-годишниот голгетер.

Се вчитува...