Спартак Москва сега нуди 10 милиони евра за Елмас, Фенербахче ги одбива сите

Еден од најталентираните македонски фудбалери, Елиф Елмас повторно е  во фокусот на шпекулациите на европската фудбалска јавност по неговите две квалитетни партии во дресот на македонската репрезентацијата на стартот од квалификациите за ЕП 2020.

Руските медиуми пренесуваат дека Спартак Москва повторно ја активирал желбата за ангажман на 19-годишниот Елмас. Русите и претходно беа на листата клубови кои ги посакуваат услугите на Елмас, но сега наводно издвоиле и дефинитивна понуда од 10 милиони евра за откуп на договорот на македонскиот репрезентативец од Фенербахче.

Сепак, според првиот човек на Фенербахче, Елмас нема шанса да замине од турскиот клуб за сума помала од 23 милиони евра. Токму од тие причини изминатиов период беше одбиен и Кардиф.

Интерес за Елмас од претходно постои и од гигантите како Реал Мадрид, Манчестер сити, Борусија Дортмунд…, но и Лион, Лестер, Зенит.

Се вчитува...