Спасен животот на Мејсон: Фудбалерот на Хал во стабилна состојба

Фудбалерот на Хал, Рајан Мејсон заработи фрактура на черепот, и имаше крварење во мозокот, по тешката повреда на вчерашниот натпревар со Челси.

Синоќа веднаш беше опериран во „Сент Мери“ болницата во Лондон. При приемот во болницата беше во животозагрозувачка состојба, но лекарите успеаја да му го спасат животот. Според последните информации, состојбата на Мејсон сега е стабилна и за неколку денови се очекува да биде пуштен од болницата.

Фудбалерот од средниот ред на Хал имаше жесток судар со глава со играчот на Челси, Кејхил. Остана неподвижен да лежи на терен каде му беше укажувана помош десет минути. Набрзо беше изнесен со возило на Брза помош, но за среќа неговиот живот е спасен.

Се вчитува...