Спектакл: Федерер играше со Бил Гејтс и собра два милиони $ за гладните во Африка

Роџер Федерер по успешната хуманитарна мисија со пресметката со Енди Мареј во Цирих организираше уште еден спектакл, овојпат во Сиетл. Најдобриот тенисер на сите времиња за свој партнер во „Меч за Африка 4“ во дубл го имаше првиот човек на Мајкрософт, Бил Гејтс, а за противник од другата страна го имаше Џон Изнер и гитаристот на „Перл Џем“, Мајк МекКриди.

Арената во Сиетл беше исполнета до последното место за да го проследи овој спектакл, а членовите на организацијата на Федерер обелоденија дека се собрани над два милиони долари кои ќе бидат искористени за помош на најсиромашните деца ширум Африка.

Од се срце ви благодарам. Мило ми е што ја поддржувате мојата фондација, за децата од Африка да имаат посреќен живот“ – порача Федерер.

Се вчитува...