СПЕКТАКЛ КАКО НИКОГАШ ДОСЕГА: Барселона со шампионски скок – Реал Мадрид повторно на колена сезонава!

Барселона направи огромен скок кон освојување на титулата сезонава во Ла Лига, откако во „Ел Класико“ на три кола пред крајот на првенството славеше против Реал Мадрид со 4-3 во извонреден натпревар кој долго ќе се прераскажува. Нереално прво полувреме со дури шест гола и рутинско второ полувреме во кое Барселона само ја потврди доминацијата на мечот донесоа три бода за Каталонците со кои веќе, се чини, ќе слават нов титула во Шпанија.

Низ извонреден фудбал во првите 45 минути, со ефикасност како никогаш досега, Реал Мадрид поведе со 0-2 по само 14 минути игра со двата гола на Килијан Мбапе. Но, потоа во само 15 минути, од 19. до 34. минута три гола на Барселона за неверојатен пресврт од 3-2, за да на крај пред полувремето Каталонците дојдат и до 4-2.

„Кралевите“  поведоа уште во 5. минута, Мбапе од пенал донесе предност од 0-1.

Веќе во 14. минута по одлична брза акција, на асистенција на Винисус, Мбапе зголеми и на 0-2.

Но, тоа како само да ги налути фудбалерите на Барселона кои потоа целосно доминираа. Домашните најпрво се вратија во игра со голот на Гарсија во 19. минута.

Веќе во 32. минута мајсторски гол на Ламине Јамал за 2-2…

А, по само два минути, во 34. минута Рафиња погоди и за комплетен пресврт од 3-2…

А, за да не биде тука крај, за да биде вистински спектакл во првото полувреме се погрижи Рафиња со својот втор гол и за 4-2 пред паузата.

Во второто полувреме, со третиот гол на Мбапе во 70. минута успеа само да намали на 4-3…

А, Фермин Лопез во петтата минута од судиското продолжение постигна гол, но ВАР системот го поништи поради игра со рака. Но, секако на крај победа од 4-3 и големо славје за Барселона!

По оваа победа Барселона, на три кола до крајот во Ла Лига е со седум бода предност на врвот пред Реал Мадрид, па сосема извесно Каталонците се и тоа како блиску до нов трофеј во шпанскиот шампионат.

Се вчитува...