Спектакл на „Бај арена“: Сите погледи кон Халанд

Последниот натпревар од денешното 21. коло во германската Бундеслига е пресметката на „Бај арена“ од 18:30 часот меѓу Баер Леверкузен и Борусија Дортмунд.

Сосема е јасно дека сите погледи ќе бидат насочени кон норвешката суперѕвезда Ерлинг Браут Халанд кој за првпат од првата минута ќе заигра за „милионерите“. И покрај тоа што никогаш не беше стартер, досега Халанд на четири официјални натпревари за Борусија Дортмунд запиша дури осум голови, што е навистина импресивно.

Се вчитува...