Спектакл во Леверкузен: ПСЖ славеше во меч со девет голови, два црвени картони и промашен пенал (ВИДЕО)

Најспектакуларниот натпревар во вечерашните мечеви во Лигата на шампионите се одигра во Германија. Љубителите на фудбалот во Леверкузен можеа да видат осум голови, два црвени картони и на крајот победа на европскиот првак ПСЖ во мечот со Баер со 2-7.

Пачо уште во 7. минута по нафрлена топка со глава го најде патот до мрежата. Во 25. минута Леверкузен можеше да израмни преку Грималдо, меѓутоа домашниот играч не го претвори пеналот во гол. Андрих доби црвен картон кај домашните, а во иста мера врати Забарњи во 37. минута за нов пенал за Леверкузен.

Гарсија овојпат беше сигурен и погоди за 1-1 во 38. минута. Сепак, само три минути подоцна Дуе носи нова предност, па следуваат уште два гола на ПСЖ преку Кварацхелија и Дуе за убедливи 1-4 по првиот дел.

Нуњо Мендеш во 50. минута донесе предност за ПСЖ и од 1-5. Следуваше нов гол на Гарсија за 2-5, и погодок на Дембеле за шести гол во мрежата на Леверкузен. Во 90. минута Витиња ги постави конечните 2-7.

Се вчитува...