Спектакл во Мадрид: Федерер и Надал ќе играат тенис пред полни трибини на „Сантијаго Бернабеу“

Во Мадрид се подготвува невиден спектакл, а дел од него ќе бидат најдобрите тенисери. Ова дефинитивно би бил најголемиот настан во историјата на „белиот спорт“. Најдобриот тенисер на светот би можел да одигра натпревар против Рафаел Надал на новиот стадион „Сантијаго Бернабеу“!

Оваа вест е донесена од медиумите во Шпанија, кои шпекулираат дека Роџер или Ѓоковиќ би можеле да бидат ривалите на Надал на официјалното отворање на стадионот на Реал Мадрид, кој во моментов се реновира! Порталот „Дефенс Централ“, посветен на настаните во Реал Мадрид, всушност наведува дека сонот на Флорентино Перез е големиот навивач на „кралскиот“ клуб, Надал, да одигра тениски натпревар на тој стадион против Роџер Федерер!

Сепак, овој медиум наведува дека во случај Федерер да не биде во можност да одговори на поканата позитивно, Ѓоковиќ би можел да биде алтернативно решение и да биде дел од најголемиот тениски спектакл. Федерер кој влезе во „залезот“ на кариерата, честопати е повреден, па календарот му е строго определен, што може да се случи Новак да игра против Надал и со тоа да го сруши светскиот рекорд.

Тој рекорд моментално го држат Рафа и Роџер, на егзибицискиот натпревар во Јужна Африка, каде што имаше 50.000 луѓе. Новиот „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде готов во септември 2022 година и ќе може да прими 81 000 гледачи.

 

 

Се вчитува...