Спектакл во најава: Хабиб против Мејведер пред 100.000 луѓе во Москва

Мега-пресметката меѓу Хабиб Нурмагомедов и Флојд Мејведер е многу близу до реализација, откако бројни светски медиуми пренесоа дека преговорите на оваа тема се во завршна фаза. Изненадувачки, овој дуел не би се одржал во Лас Вегас, како што посакуваше Мејведер, туку на домашен терен на Хабиб, на стадионот „Лужники“ во Москва каде би биле присутни дури 100.000 фанови.

Оваа информација ја објави самиот Нурмагомедов, кој потврди дека на оваа тема постигнал договор со генералниот секретар на Руската Боксерска Федерција, Умар Кремљев.

„Денеска разговарав со Умар Кремљев за борбата со Флојд Мејведер. Двајцата имаме иста желба – таа да се одржи на „Лужники“, сигурни сме дека ќе има над 100.000 навивачи и ќе поставиме светски рекорд за ТВ-пренос. За мене најважно од се е што татко ми би бил во мојот агол, бидејќи за Москва не ми треба виза. А сега прашање за моите навивачи: Дали верувате во мене? Или исто така мислите дека Флојд ќе ме победи во бокс?“ – напиша Хабиб Нурмагомедов на своите профили на социјалните мрежи.

Се вчитува...