Спектакл во најава: После Тајсон и Холифилд му се враќа на боксот (ВИДЕО)

Боксерскиот дуел што го одбележа крајот на минатиот милениум би можел повторно да се случи по повеќе од две децении. После Мајк Тајсон и Иванед Холифилд одлучи да му се врати на боксот. И двајцата треба да бидат дел од кампањата „Unite 4 Our Fight“ и да имаат неколку ревијални боксерски мечеви, а можно е спектаклот да биде закажан за самиот крај – нов меч на фантастичните боксери и поранешни шампиони во тешка категорија.

„Моментот кој сите го чекавте. Шампионот се враќа. Сакам да го објавам моето враќање во рингот. Ќе боксувам на егзибициски мечеви за добротворни цели. Тренирам напорно“, напиша 57-годишниот Ивандер Холифилд на социјалните мрежи.

Се вчитува...