Највозбудливиот натпревар во седмото коло во француската Лига 1 го одиграа екипите на Париз и Рен кои постигнаа дури седум гола, а бодовите ги освои домаќинот.
Екипата на Париз во фантастичен натпревар славеше со 4:3, а судијата покажа дури четири пенали.
Домаќините во три наврати имаа водство благодарение на головите на Максим Лопез и Ласин Синајоко, но играчот на Рен, Естебан Лепол со три гола од пенал успеваше да израмнува.
Токму пенал и тоа во судиското продолжение го одлучи победникот. Синајоко изнуди пенал и со својот втор гол на натпреварот му донесе голема победа на Париз кој се израмни со ПСЖ, Лил и Монако на лидерската позиција со 14 бодови.
Монако на гостувањето кај Лориен го доживеа првиот пораз сезонава. Голот вреден три бода за Лориен беше дело на Кадиу во 61-та минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
