Спектакл во Синсинати: Ѓоковиќ со супер-пресврт го победи Алкараз во мечот на титаните!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Карлос Алкараз во финалето на Мастерсот во Синсинати. Во извонреден спектакл, по голема битка во четири часа на крајот Ѓоковиќ славеше со 2-1, по сетови 5-7, 7-6 (7), 7-6 (4).

На тој начин Србинот дојде до 39-от свој АТП Мастерс и тоа воодушевувајќи ги сите љубители на тенисот со својата волја, мотивација и квалитет на мечот.

Алкараз го доби првиот сет со 5-7, а потоа имаше и меч топка во вториот сет, но Новак Ѓоковиќ на наверојатен начин се врати и го доби вториот сет во тај-брејк, а потоа на еднаков начин го доби и третиот сет за голема победа.

Ѓоковиќ се запиша во историјата на Мастерсот во Синсинати како највозрасен победник со 36 години, со што го урна досегашното најдобро остварување од 1970 година.

Се вчитува...