Неверојатен последен настан ни донесоа Летните олимписки игри во Париз. Финалето на женскиот кошаркарски турнир донесе неверојатен меч меѓу домаќинот Франција и актуелниот шампион и прв фаворит Соединетите Американски Држави.
Натпреварот почна премногу тврдо. И двете екипии не можеа ништо да постигнат во нападот, а на полувреме резултатот беше само 25-25. Иако малку се разиграа двете екипи во вториот дел, сепак неизвесноста остана до самиот крај, откако на минута и пол САД имаше минимална предност од 60-59.
На крајот Американките успеаја некако да се одбранат и да стигнат до конечен триумф од 67-66. Аџаја Вилсон со 21 поен беше прво име кај победникот, додека кај поразените Габи Вилијамс заврши со 19 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА