Спектаклот Џошуа-Фјури во мај 2021 година?

Борбата за обединување на професионалните боксерски појаси во тешка категорија меѓу Британците Ентони Џошуа и Тајсон Фјури ќе се одржи во мај следната година, порачаа промоторите на двата боксери.

„Мислам дека сите се во иста позиција. Сакаме борбата меѓу Џошуа и Фјури што побрзо да се случи. Се обидуваме да ги решиме останатите проблеми кои ги нема многу, а тогаш заеднички ќе ги известиме водечките организации дека ни е план борбата да ја организираме во мај 2021 година“, изјави промотерот Еди Херн. 

Џошуа во саботата ги одбрани титулите во тешка категорија откако го совлада Бугаринот, Кубрат Пулев.

Се вчитува...