Спектаклот Веспрем-Кил откажан поради Ласло Наџ

Одличен вовед во новата ракометна сезона требаше да претставува егзибицискиот натпревар меѓу Веспрем и Кил, но мечот е одложен, бидејќи на претпоследните тестови во низа откриено беше дека еден член на стручниот штаб на унгарскиот тим е позитивен на корона.

Сега е обелоденето и за кој се работи. Во прашање е легендата на унгарскиот ракомет Ласло Наџ. Мечот кој требаше да се игра во неделата требаше да биде спектакуларно простување на еден од најдобрите десни бекови во историјата, како и за Момир Илиќ, Арпад Штербик и Нандор Фазекаш кои неодамна исто ставија крај на кариерата.

Како што соопштија од унгарскиот тим Ласло Наџ е во домашна изолација и не чувствува симптоми.

Се вчитува...