Спектакуларен НБА Олстар меч: Победа на Западот со најмногу постигнати поени во историјата

Спектакуларен НБА Олстар меч беше одигран синоќа во Њу Орлеанс, во кој запишана е историја со победата на Западот против Истокот од 192-182.

Најдобрите НБА кошаркари го одиграа најефикасниот натпревар на сите времиња, а брилјираше Ентони Дејвис со 52 поени, најмногу што постигнал некој во историјата. Дејвис постигна десет поени повеќе од легендарниот Вил Чемберлен кој го држеше рекордот дури 55 години. Па, ѕвездата на Њу Орлеанс очекувано е и МВП. Постигнаа НБА ѕвездите дури 374 поени, што е нов рекорд на Олстар мечевите.

Од синоќешниот спектакл треба да се издвои и ефектот на Расел Вестбрук со 41 поен за 20 минути на терен, а интересно е дека Кевин Дурант имаше „трипл-дабл“ со 21 поен, 10 скока и 10 асистенции. Кај Истокот најдобар беше Јанис Антетокоунмпо со 30 поени. Леброн Џејмс постигна 23 поени, и стана првиот кошаркар со 300 поени на Олстар мечевите.

Се вчитува...