Спектакуларен пречек на Хабиб пред преполниот стадион на Анжи во Махачкала… (ВИДЕО)

Хабиб Нурмагомедов во спектакуларна борба УФЦ 229 го совлада Конор Мекгрегор, одбранувајќи го појасот во лесно категорија и „полудувајќи“ го светот на спортот изминативе денови.

Па, сосема очекуван беше и спектакуларниот пречеч кој му беше приреден на преполниот стадион на Анжи во Махачкала.

Илјадници Дагестанци дојдоа да го видат својот идол, притоа во еден момент ниту обезбедувањето не успевајќи ги масите да продрат на терен…

Хабиб во своето обраќање, пак, им се извини на навивачите за инцидентот по завршувањето на борбата…

„Се надевам дека не ве повредив со она што го направив после борбата. Се обидов да се воздржам, но не успеав“ – рече Хабиб, кој секако доби огромни овации откако го покажа освоениот појас.

Се вчитува...