Спектакуларен тенис: Димитров со пресврт-триумф и лекција за Алкараз во Шангај (ВИДЕО)

Бугарскиот тенисер Григор Димитров се пласираше во четвртфиналето на АТП Мастерсот во Шангај елиминирајќи го во спектакуларен меч во осминафиналето Шпанецот Карлос Алкараз во три сета.

Во вистински тениски спектакл, Димитров приреди помалку сензационална победа со пресврт од 5-7, 6-2 и 6-4.

Откако Алкараз го доби првиот сет, следните два во извонредна игра му припаднаа на Димитров за сосема заслужена победа.

Алкараз претходно беше елиминиран и во полуфиналето на Мастерсот во Пекинг каде загуби од Италијанецот Јаник Синер.

Бугаринот во четвртфиналето ќе игра против Чилеанецот Николас Џари, кој претходно славеше против Аргентинецот Шварцман со 6-3, 5-7 и 6-3.

Се вчитува...