Спектакуларниот Лука Дончиќ има нов НБА рекорд (ВИДЕО)

Лука Дончиќ е лидер според бројот на натпревари со трипл-дабл ефект во НБА лигата сезнава. Го забележа 17-от ваков билнас во спектакуларната победа на Далас над лидерот на Исток, Милвоки по продолженија со 136-132. Тој е најмладиот играч во историјата на НБА кој е лидер според бројот на трипл-дабл биланс во една сезона.

Словенецот уфрли 36 поени, имаше и највисоки во кариерата, 19 асистенции и плус уште 14 скока. Далас има биланс од 42-13 што е доволно за шестото место на Запад, Милвоки е веќе потврден лидер на Источната конференција, за тимот на Јанис Адетокумбо кој постигна 34 поени ов беше само 15-ти сезонски пораз наспроти 55-те победи досега.

Кошаркарите на Денвер ја победија Јута во „луд“ натпревар исполнет со пресврти и со одлично издание на Никола јокиќ. Српскиот центар беше клучен во тоа што неговиот тим надокнадни 18 поени негатива, но потоа пак беше дел и прокоцканата предност во регуланиот дел и беше повотрно главна карика во продолженијата и триумфот од 134-132. Јокиќ имаше 30 поени, 11 скока и седум асистениции.

Оправениот Џамал Мареј кој за овој натпревар се врати на теренот постигна 23 поени и 12 сока. Донован Мичел беше најзабележителен кај јута со 35 поени, шест скока и осум асистенции. Руди Гобер уфрли 22 поени, а забележа и 13 скока. За Денвер ова беше трет триумф во петте одиграни средиби вп „балонот“ во Орландо и се наоѓа на третотот место на Запад додека за Јуата ова беше четврти пораз и и шестопалсирана во оваа конференција.

 

 

 

Се вчитува...