Спектакуларно финале на Ролан Гарос, се чини и најдоброто во историјата на овој грандслем турнир, во кое Шпанецот Карлос Алкараз го одбрани трофејот освоен минатата година!
Во неверојатен финален меч кој траеше 5 часа и 30 минути, што е и најдолго финале во историјата на Ролан Гарос, Алкараз триумфураше против Италијанецот Јаник Синер, во пет сета, со 4-6, 6-7(4), 6-4, 7-6(3), 7-6 (10-2) и тоа по неверојатен пресврт и покрај тоа што Јаник Синер во четвртиот сет имаше и три меч топки.
Вистинскиот спектакл на дуелот почна во четвртиот сет при водство од 5-3 за Јаник Синер, кој при сервис на Алкараз имаше и предност од 40-0. Имаше Синер три меч топки, но успеа Шпанецот не само комплетно да се извлече од тој гем и со пет едноподруго поени да дојде до 5-4 во гемови, туку го одведе сетот до тај-брејк кој го доби со 7-3.
А, потоа неверојатен петти сет со неколку пресврти и, на крај, во тај-брејкот апсолутно доминација за Алкараз од 10-2 и освоен трофеј на Ролан Гарос.
Сега, Карлос Алкараз го собори и рекордот на Роџер Федерер за 100% успешност на еден грандслем турнир. Алкараз по денешната победа дојде до петта титула од петтото финале на Ролан Гарос, а Федерер во својата кариера имаше четири титули од четири финалиња во Париз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА