Не е тајна, пренесуваат турските медиуми, незадоволството на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас од статусот во Фенербахче оваа сезона.
18-годишниот Елмас оваа година е оставен надвор од комбинација за настап на првенствените дуели на Фенер, поради што веќе на големо се шпекулираше за негово заминување од Турција веќе во јуни поради неможноста во клубот фудбалски да се афирмира.
Сето тоа, како што пишуваат турските медиуми, било причина и за состанок на тренерот на Фенер, Ајкут Кочаман со Елмас, по предзнакот – специјален, на кој се разговарало за актуелната ситуација во која се наоѓа македонскиот фудбалер.
„Верувам во тебе, верувам во далеку подобри денови на фудбалски план за тебе. Но, јас сум во ситуација во која не смеам да ризикувам затоа што неопходни ми се победите на натпревари. Со твоите 18 години иднината е пред тебе, ќе имаш време за сериозно докажување. Ти едноставно си потребен за иднината на Фенербахче“ – биле зборовите на Кочаман кон Елмас на меѓусебниот состанок.
Од Фенербахче исто така потенцираат дека не планираат никако да се откажат од услугите на Елмас за кого има сериозно место во клубот, иако во моментов од надвор изгледа како да не се смета на него.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА