Спировски: Италијанците ни се извлекоа во Скопје, нека ни се врати „загубеното“ во Торино

Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за последните два меча од квалификациите за СП 2018 година, гостувањето против Италија во Торино и дуелот против Лихтенштајн во Струмица.

Се уште се свежи сеќавањата од оној меч со Италија, кога „аѕурите“ извлекоа триумф (2-3) во Скопје во судиското продолжение, откако Македонија имаше водство од 2-1. Играчот за врска Стефан Спировски се надева дека в петок во Торино, среќата би можела да биде на страната на „црвено-жолтите“.

rep.na mkd-trenig (5)

„По претходните два одлични натпревари со Израел и со Албанија, сега сакаме со нови квалитетни игри да го завршиме квалификацискиот циклус. Најпрво целосно се фокусираме на Италија. Знаеме дека не чека тежок меч во Торино но во овие квалификации и претходно покажавме дека може да се надигруваме со секој противник. Против Италијанците испуштивме позитивен резултат во Скопје, па зошто сега да не го вратиме „загубеното“ од првиот натпревар“, вели Стефан Спировски, кој по заминувањето од Вардар сега е стандарден првотимец на унгарскиот Ференцварош.  

Се вчитува...