Спировски не е повеќе играч на Мариупол

Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски нема да го носи дресот на украински Мариупол во пролетниот дел од сезоната. Тој ја прекина соработката со клубот, односно неговиот договор истече, и нема да биде продолжен.

Сега Спировски во зимскиот преоден рок ќе бара нова ангажман. Тој во Мариупол дојде од АЕК Ларнака на стартот од сезоната, но кратко се задржа во овој украински тим.

Македонскиот интернационалец одигра само седум натпревари за Мариупол, постигна еден гол. Тој беше дел од националниот тим на ЕВРО 2020, и во квалификациите, а се очекува да биде повикан и за бараж натпреварот со Италија кој се игра на крајот на март.

Се вчитува...