Спировски по десет месеци повторно на терен и веднаш со погодок

Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски по десет месеци пауза поради повреда повторно се врати на фудбалските терени во дресот на унгарскиот Ференцварош.

Спировски се најде во стартниот состав на Ференцварош на гостувањето против Пушкаш Академија во 4. коло од шампионатот на Унгарија. И во 12. минута постигна погодок за водство на својот тим.

Но, за жа, тој гол за Ференцварош апсолутно ништо не значеше затоа што домашните потоа со комплетен пресврт стигнаа до победа од 4-1.

Се вчитува...