Спировски погоди за Хапоел Тел Авив во Купот на Израел (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Спировски беше стрелец на погодок за Хапоел Тел Авив во дуелот од 1/16-финалето на Купот на Израел против Хапоел Катамон. Тој беше стрелец на вториот погодок, и тоа во продолженијата 2 х 15 минути.

Мечот по 90 минути беше без победник, па се играа продолженија за пат во осминафиналето.

Се вчитува...