Спировски потпишува за Анортозис

Анортозис треба да биде новиот клуб на Стефан Спировски. Македонскиот репрезентативец е во завршни преговори со тимот, и деновиве треба да потпише за овој кипарски тим.

Спировски е веќе на Кипар каде што чека реализација на трансферот. Ако потпише Спировски, ќе биде соиграч со Хофханес Хамбарџумјан со кого играа заедно во редовите на Вардар.

Анортозис минатата сезона ја заврши како вторпласирана екипа на Кипар, и играше во групната фаза во Лигата на Конференции заедно со Партизан, Гент и Флора Талин, во конкуренција во која финишираа како трети на табелата.

Тренер на Анортозис е прославениот грузиец Темур Кецбаја.

Се вчитува...