Спировски пред потпис за Хапоел Тел Авив

Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски е пред потпис со израелскиот прволигаш Хапоел Тел Авив.

Спировски, поради ограничениот број странци во унгарскиот шампионат, извесно ги напушта редовите на Ференцварош па веќе е во финални преговори за преселба во редовите на Хапоел Тел Авив. Како што пренесуваат израелските медиуми, детали остануваат меѓу двете страни да бидат разрешени пред официјална реализација на трансферот.

Спировски денеска дополнително и се приклучи на македонската репрезентација на аеродромот во Тел Авив токму поради преговорите со Хапоел Тел Авив за евентуален меѓусебен договор. Преодниот рок во Израел завршува на 18. септември.

Се вчитува...