Спировски претставен во Тел Авив: Едвај чекам да заиграм за Хапоел

Стефан Спировски денеска ја имаше и официјалната промоција како нов член на Хапоел Тел Авив. Македонскиот репрезентативец пристигнува во Израел од редовите на Ференцварош, потпишувајќи договор на три сезони (две плус една) со Хапоел.

„Среќен сум што доаѓам овде и верувам дека ќе ги оствариме желбите на управата и на навивачите. Слушнав многу убави работи за клубот, како и за градот Тел Авив. Едвај чекам да дојдам на новиот стадион и да се запознаам со навивачите. Верувам дека сите заедно ќе им донесеме многу радости во текот на сезоната“ – изјави Спировски по потписот на договорот.

Хапоел е без победа во првите две кола од новата сезона (едно реми и еден пораз), а се очекува Спировски да дебитира за новиот тим веќе викендов, на дуелот на домашен терен со „фенерџијата“ Секциа.

Се вчитува...