Спировски: Размислуваме единствено за победа над Летонија

ЕКИПА во Летонија,

Никола Ѓуровски

Летонија е аутсајдер во групата, досега нижат само порази, а единствениот гол го постигна токму против нашата репрезентација во Скопје. В понеделник ќе играат на домашен терен, но македонските репрезентативци се уверени дека ќе ја покажат силата.

“Размислуваме единствено за победа. Квалитетот е на наша страна, но ќе мора тоа да го потврдиме и на теренот. Сепак, нема да зависи ништо од Летонците, туку од нашето издание на овој натпревар. Подготвени сме и мотивирани за триумф” – порачува играчот за врска, Стефан Спировски.

Фудбалската репрезентација на Македонија денешниот тренинг го одржа на стадионот “Аркадија”, а утре ќе има официјален тренинг на стадионот “Даугава” каде ќе се игра мечот в понеделник.

Се вчитува...