Спировски, сепак, се врати во Унгарија и потпиша за МТК

Стефан Спировски официјално потпиша договор со унгарски МТК. Репрезентативецот иако беше блиску до Анортозис, сепак, на крајот излезе да се врати во првенството на Унгарија, и да стави потпис со тимот во кој настапува Бојан Миовски.

Спировски остана без клуб откако го раскина договорот со Мариупол. Играше во Унгарија две години од 2017 до 2019 во дресот на Ференцварош. Договорот со МТК е на две години.

Во минатото Спировски беше дел од Пелистер, Борац Чачак, Работнички, Берое, Вардар, Хапоел Тел Авив и АЕК Ларнака.

Се вчитува...