Поранешниот македонски репрезентативец Стефан Спировски го постигна својот прв гол во дресот на кипарскиот прволигаш Етникос Ахна.
Во 20. коло од шампионатот на Кипар, Етникос ремизираше (1-1) на гостувањето против АЕЛ Лимасол и тоа благодарение на македонскиот фудбалер кој стрелаше во 32. минута од непосредна близина за израмнување на натпреварот по претходното водство на домашните.
На голот на Етникос Ахна од првата минута беше и Мартин Богатинов, а во 80. минута во игра кај гостите влезе уште еден поранешен македонски репрезентативец – Кире Ристевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА