Спировски стрелец за Хапоел Тел Авив (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Спировски го постигна првиот гол за Хапоел Тел Авив во израелското првенство. Тој претходно стрелаше и во Купот на Израел, а овојпат погоди во 33.минута откако по двојно проигрување си создаде одлична позиција за удар кон голот на Хапоел Бер Шева.

Се вчитува...