Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски беше стрелец на победничкиот гол за Хапоел Тел Авив за пласман во полуфиналето на Купот на Израел. Во регуларниот тек мечот против Хапоел Ранана заврши 1-1, а тој стрелаше во продолженијата, само четири минути откако влезе на теренот од клупата за резерви.
Спировски оваа сезона е еден од најзабележителните фудбалери во дресот на Хапоел Тел Авив.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА