Спировски утре потпишува едногодишен договор со Хапоел, па продолжува за Рига

Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски утре треба да го официјализира трансферот во редовите на израелскиот прволигаш Хапоел Тел Авив, по што потоа со националниот тим продолжува за Рига каде на 9. септември го очекува квалификацискиот натпревар против Летонија.

Спировски ги договори комплетните услови за трансфер од Ференцварош во Хапоел па утре се очекува да потпише едногодишен договор, со можност за продолжување на истиот за уште една година.

Од таборот на Хапоел нагласуваат дека добро се запознаени со квалитетите на Спировски кој треба да биде вистинско освежување за средниот ред на тимот наредната сезона.

Се вчитува...