Спировски во извонредна форма: Нови два гола, едниот ремек-дело (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски игра во извонредна форма во дресот на Хапоел Тел Авив во израелскиот шампионат. Хапоел славеше со 3-1 против Хапоел Ранана во 19. коло, а Спировски беше стрелец на два погодоци за својата екипа.

Спировски најпрво погоди во 29. минута за водство од 1-0, феноменално шутирајќи од 18 метри под гредата од голот на противникот.

Вториот погодок следеше во 81. минута за конечни 3-1.

Хапоел Тел Авив, на тој начин, стигна до седмата победа сезонава со која се искачи на 5, место во најсилната лига на Израел.

Се вчитува...