Списокот на Малта со 31 фудбалер за дуелот со Македонија

Селекторот на Малта, Микеле Марколини, објави список од 31 играч за пресметката против Македонија во квалификациите за пласман на ЕП 2024 година.

Марколини овој список на фудбалери ќе го скрати пред дуелот со нашата селекција, со оглед дека Малта на домашен терен на 6. септември игра пријателски меч против Гибралтар, на кој селекторот Марколини ќе го искористи за да им даде шанса на оние кои не добиваат шанса низ квалификациите.

Најзвучно име во составот на Малта е Теди Теума, играч на Ремс од Франција. Повеќемина од повиканите се дел од првенството на Малта, надополнети со мал број на интернационалци како Зак Мускат кој игра за португалски Фаренсе, Каин Атадрс кој настапува во Белененссес, Метју Гуламер кој игра во Стал Миелец во Полска, и Џоди Џонс кој е дел од Нотс Каунти во Англија.

Се вчитува...