Спомените остануваат: Леле, што направивме… дванаесет години од легендарниот триумф над Литванија (видео)

14 септември 2011 година. Македонија играше четвртфиналето на Европското првенство, како голем аутсајдер против домаќинот Литванија. Сите очекуваа лесна победа на фаворитот, но нашите асови имаа поинакви планови, одиграа меч за паметење и со тројката на Владо Илиевски стигнаа до историска победа, за најдобар пласман на една македонска репрезентација на европските првенства во колективните спортови.

Дванаесет години подоцна, се уште се свежи спомените од онаа феноменална последна минута во која влеговме со „минус четири“, а на крајот излеговме како победници од мечот што ФИБА и ден денеска го опишува како една од најголемите сензации во историјата на европските шампионати.

За жал, спомените остануваат, но за нешто повеќе од една деценија ситуацијата во мак-баскетот целосно се смени. Македонија веќе не може да обезбеди учество, камоли да се бори за висок пласман на континенталните собири.

Затоа, уживајте во видеото со легендарниот финиш од Литванија, со надеж дека конечно повторно ќе тргнеме напред и ќе се радуваме на нови репрезентативни успеси…

Се вчитува...