Спорт во корона-издание: Кил го доби трофејот во празна сала

Коронавирусот му нанесе сериозен удар на спортот ширум светот, огромен број на лиги во најразлични спортови се прекинати, дел од нив без именување на првак, а и оние кои се прогласени за шампиони немаат можност да се израдуваат крај своите навивачи. Доказ за тоа е и оваа фотографија, како и видеото од денешното доделување на шампионската титула во Бундес-лигата на ракометарите на Кил, кои пехарот го примија стоејќи еден од друг на задолжителна дистанца од по два метри.

Неколку месеци по последниот одигран натпревар, „зебрите“ се собраа во празната сала за да го добијат пехарот што го заслужија како првопласирани во моментот на прекинот на натпреварувачката сезона.

Претседателот на Бундес-лигата, Уве Швенкер, му го врачи пехарот на капитенот Домагој Дувњак, но изостана еуфоријата што е вообичаена за шампионските титули во Бундес-лигата. За „зебрите“ сигурно е најважно што по неколку години се враќаат на тронот на германскиот ракомет, но задоволството ќе беше комплетно ако радоста можеше да се сподели со најверните фанови.

Се вчитува...