Спортинг го продава Стефан Ристовски

Стефан Ристовски го одигра својот последен меч за Спортинг, откако управата на клубот донела одлука македонскиот репрезентативец да биде продаден во текот на летниот преоден рок. Нашиот десен бек стана прв играч во клупската историја со три црвени картони во една натпреварувачка сезона, што значи дека Ристовски ќе го пропушти дуелот со Порто во последното коло, а потоа и финалето од Купот на Португалија.

Тренерот Кајзер е задоволен од настапите на Ристовски, но од друга страна и не ја криеше загриженоста поради честите исклучувања на десниот бек. Од друга страна, челниците на клубот сметаат дека е дојден вистински момент за добро да заработат на Ристовски, очекувајќи да добијат понуда од околу десет милиони евра за нашиот интернационалец.

Весникот „А Бола“ тврди дека македонскиот репрезентативец е еден од неколкуте играчи што Спортинг планира да ги продаде, но се уште нема конкретна најава каде Ристовски би ја продолжил кариерата. Во текот на јануарскиот преоден рок најсериозната понуда пристигна од Лацио, но беше одбиена од страна на челниците на Спортинг.

Се вчитува...