Спортинг Лисабон во завршна офанзива за Стефан Ристовски

Португалскиот гигант Спортинг Лисабон тргнува во завршна офанзива за ангажман на македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски, кој е член на хрватскиот првак Ријека. Овој клуб подолг период ги следи игрите на десниот бек на нашиот национален тим, а португалскиот весник „Рекорд“ тврди дека работата е многу сериозна, затоа што сега претседателот на клубот, Бруно де Карвалјо, лично ги преземал во свои раце преговорите за ангажман на Ристовски.

ristovski sporting

Спортинг Лисабон има големи амбиции за новата сезона во португалскиот шампионат, сака да ја прекине доминацијата на градскиот ривал Бенфика, а Ристовски треба да биде засилување за десната бековска позиција. Според информациите од Португалија, Спортинг Лисабон е подготвен да плати 4 милиони евра за македонскиот интернационалец.

За Стефан Ристовски интерес покажа и турскиот клуб Бурсаспор, кој ја следеше неговата игра на првиот меч против Салцбург во квалификациите за ЛШ.

Се вчитува...