Спортинг потврди: Ристовски пет години во Лисабон

Стефан Ристовски од вечерва и официјално е нов член на Спортинг Лисабон, откако португалскиот гигант го официјализираше трансферот на македонскиот десен бек од редовите на Ријека.

Двата клуба дваесетина дена беа во преговори, за на крајот да биде договорено Македонецот да пристигне во Лисабон на едногодишна позајмица. Воедно, Спортинг се обврзал на задолжителна клаузула, според која португалскиот клуб наредното лето ќе плати 2,25 милиони евра за да го задржи нашиот интернационалец.

Токму затоа, Спортинг веќе потпиша петгодишен договор со Ристовски, кој има клаузула за раскин од огромни 45 милиони евра.

Се вчитува...