Спортинг прифати – Ристовски на пат кон Москва

Стефан Ристовски се наоѓа многу блиску до преселба во Динамо Москва, откако овој руски прволигаш ги договорил деталите со раководството на Спортинг околу ангажманот на македонскиот репрезентативец. Спартак Москва и Зенит исто така учествуваа во трката по десниот бек на нашиот национален тим, но челниците на Динамо биле најконкретни во разговорите, успевајќи да постигнат договор со португалскиот гигант.

Според весникот „А Бола“, Спортинг прифатил позајмица до крајот на сезонава, со можност Динамо следното лето да го откупи договорот на Ристовски за сума од три милиони евра.

Според истиот извор, Ристовски е незадоволен од ваквиот развој на настаните, поточно од односот на управата на Спортинг, која не го исполнила даденото ветување за зголемување на платата. Поради ова Македонецот го компликува своето заминување од Лисабон, но во раководството на Спортинг владее оптимизам дека ќе успее да биде постигнат конечен договор, за Ристовски веднаш по завршувањето на репрезентативната пауза да се упати кон Москва и да потпише договор со Динамо.

Се вчитува...