Спортот обединува: Срби и Хрвати заедно пејат и пијат во Сегед (ФОТО)

Изминативе години натпреварите меѓу Хрватска и Србија секогаш без означувани како високоризични. Но, денеска сликата во Сегед пред натпреварот на двете ракометни селекции на ЕП 2022 е сосем поразлична.

Унгарците се повеќе од пријатно изненадени од сликите кои владеат во Сегед каде хрватските и српските навивачи низ центарот на градот заедно пејат и пијат „шприцер“. Фантастична повеќе од пријателска атмосфера меѓу навивачите на двете репрезентации.

Хрватска и Србија од 20:30 часот ќе ги одмерат силите во „Пик арената“ во Сегед одлучувајќи за пласман во втората фаза од првенството… Надвор од теренот е очигледно пријателски, а на теренот нека победи подобриот.

Се вчитува...