Спортот победува: Столе Стоилов со поздрави и со „Чкембарите“ пред мега-дербито (ВИДЕО)

Повеќе од јасно е дека Вардар го чека пеколна атмосфера во салата „Боро Чурлевски“ во Битола во одлучувачкиот натпревар околу новата шампионска титула во ракометното првенство.

Така беше и на загревањето на „вардарци“ на паркетот кои ја почувствуваа зовриената атмосфера.

Но, останува и фактот дека спортот во секој случај треба да победи на мега-дербито. Тоа го најави и миленикот на „Комити“, Столе Стоилов кој пред стартот на загревањето мина да се поздрави и „Чкембарите“ пред дуелот… Момент кој остава впечаток…

Се вчитува...