Спортска Италија на погребот на Давиде Астори (фото + видео)

Спортска Италија денеска e во Фиренца за последен пат да се поздрави со Давиде Астори, капитенот на Фиорентина кој во неделата ненадејно почина. Илјадници фанови на Фиорентина се пред базиликата „Санта кроче“, претставници и членови на калчолигашите исто така дојдоа да изразат почит, се уште во неверица од трагедијата. Присутни се играчите на Интер, Милан, па дури и на Јувентус кои по мечот со Тотенхем не отпатуваа за Торино, туку за Фиренца, како и поранешни соиграчи на Астори. Во базиликата се присутни и Франческо Тоти, Ел Шарави, Флоренци, Џузепе Роси, Франческо Толдо, Џовани Гали, Луиџи Ди Бјаџо, Џанлуиџи Буфон, Миралем Пјаниќ, Аурелио де Лаурентис, Матија Перин, Марко ван Бастен, Емилио Бутрагењо…

Ковчегот на починатиот фудбалер направи почесен круг околу стадионот „Артемио Франки“, по што се упати кон базиликата. Пред стадионот беше пречекан со аплаузи од навивачите, скандирајќи: „Наш капитену, засекогаш наш капитену“, додека пред базиликата фановите на „виолетивите“ го извикуваа неговото име.

Астори на 31 година почина од срцев удар во неделата, во хотелска соба во Удине во пресрет на натпреварот против Удинезе.

Се вчитува...